Боно е играч на мечот, а наградата му ја подари на Ен Несири

272

Дуелот помеѓу Мароко и Португалија во рамките од 1/4 финалето од Мундијалот во Катар заврши со триумф на Африканската репрезентација и нејзин пласман во полуфиналето. ФИФА одлучи по тој повод, да го прогласи за играч на мечот, голманот на Мароко Боно, а тој со сета почит кон сите кои го одиграа мечот во црвен дрес, а и кон самиот себе си, реши да му го додели пехарот добиен по  овој повод на стрелецот на единствениот гол на овој дуел, Јусуф Ен Несири.

Светски потег нема што. Сепак, Ен Несири во финишот на првиот дел, „небески“ скокна и погоди кога најмногу требаше, а според Боно тоа е моментот кој треба да биде награден.

ПретходноЕдна е мајка…..Буфал заигра со мајка му на терен по победата над Португалија
СледноТФТ лесно против Струмица