Мароко може и против Португалија, а шлагот на тортата е Англија-Франција

129

Денеска на СП во Катар ќе се одиграат преостанатите два четвртфинални натпревари по што ќе се знае изгледот на полуфиналето. Од 16:00 часот отвораат единствениот преостанат африкански тим Мароко против Португалија.
Мароканците веќе направија сензација со самиот пласман во четвртфиналето што е нивен најголем успех во историјата, ја елиминираа Шпанија, а дали можат истото да и го направат и на Португалија.

Португалскиот тим ја демолира Швајцарија во претходната рунда. Првата ѕвезда Кристијано Роналдо веројатно пак ќе почне од клупата, па ако треба ќе го засили нападот.

Инаку ова е прв дуел меѓу овие две селекции по СП 2018 кога Португалците славеа со 1:0. Инаку овие два ривали имаат и меч од СП 1986 година кога Мароко победил со 3:1.

Од 20:00 часот ќе се одигра европската класика помеѓу Франција и Англија. И двата тима играат одлично на Мундијалот па штета што едниот ќе го заврши предвреме. Инаку последен пат овие ривали се соочиле на големите натпреварувања на ЕП 2012 кога мечот завршил 1:1. Потоа одиграле два пријателски меча со една победа на Англија (2:0) и една на Франција (3:2).

16:00 ч.
МАРОКО – ПОРТУГАЛИЈА
20:00 ч.
ФРАНЦИЈА-АНГЛИЈА

ПретходноШанса што не смее да се пропушти, МЗТ го игра мечот на сезоната!
СледноГеоргиевски освои бронза во Ријад и испиша историја!