Голманот на Аргентина Емилијано Мартинез беше еден од хероите во успехот против Холандија во четвртфиналето на СП. Тој одбрани два пенали и помогна во конечниот резултат.
„Нашата земја моментално поминува низ тешка економска ситуација, затоа сакавме барем малку да донесеме радост. Покажавме дека имаме мадиња, срце и страст. Победивме за сите 45 милиони Аргентинци“, изјави Мартинез.
Тој даде коментар и за судијата кој го продолжи мечот толку долго поради што Холандија изедначи и го однесе мечот во продолженија.
„Не знам што ли размислуваше судијата. Како го досуди слободниот удар (при изедначувачкиот гол) ниту зошто даде 10 минути екстра време. Како да сакаше Холандија да изедначи. Можев да го одбранам тој удар во последните секунди, меѓутоа бевме уморни и малку деконцентрирани. Сепак, собрав сила да помогнам во пеналите. Одбранив два, а можев да го фатам и тој третиот. Како и да е, поминавме понатаму и тоа е најважно“, додаде Мартинез.