Реграги: Ние сме Роки Балбоа на ова СП, затоа сите навиваат за нас!

751

Селекторот на Мароко, Валид Реграги го пофали настапот на неговиот тим на Светското првенство во 2022 година и беше особено радосен по избореното полуфинале.

„Ние сме тим кој сите го сакаат, со талент, квалитет. Парите не можат да ги победат страста и вербата. Не е чудо, тоа е работа: Белгија, Хрватска, Канада, Шпанија и Португалија – примивме само еден гол. Целиот наш континент е среќен за нас. Ние сме Роки Балбоа на овој турнир благодарение на нашиот дух. Не дојдовме овде да одиграме три натпревари. Тој што дојде за ова немаше место во овој тим. Ако веруваме и сонуваме, ќе можеме да ја пренесеме големата порака што сакаме да ја пренесеме“, вели селекторот на сензацијата на овој Мундијал.

ПретходноПепе цел меч со Мароко го одиграл со скршена рака
СледноСестрата на Роналдо ја бара „главата“ на Сантош: „Убија човек, убија тим, убија цела нација“