Хрватскиот “Зоро“ ги урива рекордите, Реал ќе плати 100 милиони евра за да го добие!

7474

И дефинитивно, посебно по она што го прикажа на вчерашниот меч со Бразил, Јошко Гвардиол е најдобриот стопер во светот. Неверојатно е како овој млад дефанзивец, иако игра со маска и затоа е тоа “Зоро“, ја држи цела одбрана на “коцекстите“. Таква храброст, фудбалска интелегенција, се што треба има ова дете од само 20 години, за да ги урне сите рекорди кога се во прашање трансферите.

За фудбалерот на Лајпциг заинтересирани се сите гиганти, Реал Мадрид веќе испрати понуда од 90 милиони евра, но Гермаците бараат округло 100 милиони, што секако дека Флорентино Перез ќе ги даде само за да го добие ова хрватско чудо од дете.

Само да се потсетиме дека досегашниот најголем трансфер на еден дефанзивец е оној на Хари Мегваер кога од Лестер во Манчестер премина за 87 милиони евра.

И се разбира и тука е “вмешан“ Динамо Загреб како поранешен клуб на супер Јошко. Имено “модрите“ во случај на трансфер на Гвардиол вреден 100 милиони евра ќе добија најмалку 17 милиони евра.

Па, на здравје…

ПретходноВо прашање се 3 милијарди евра: Вечерва ќе го гледаме најскапиот меч во историјата!
СледноМароко пред уште една сензација, води против Португалија на полувреме (ВИДЕО)