Очекувано и повеќе од убедливо, ракометарите на Алкалоид го победија тимот на Астраион со 47:15 и со тоа се пласираа во групната фаза во Купот на Македонија. Победа од 32 голови разлика, апсолутно заслужено по се она што се случуваше на овој меч.
Александар Петковски одигра одлично а својот настап го зачини со постигнати 15 голови, додека Михаил Ивановски беше стрелец на 8 голови.
Како што е познато Купот на Македонија во следната фаза ќе се игра во четири групи со по четири екипи. Победниците ќе се пласираат на Ф4.