Бензема се врати на тренинзите на Реал (М), чека медал со Франција

269

Ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој поради повреда не игра на Светското првенство во Катар, почнал да тренира со шпанскиот клуб, објави тренерот Карло Анчелоти.

Француската фудбалска федерација пред почетокот на турнирот на 20 ноември објави дека Бензема ќе го пропушти Светското првенство поради повреда на тетивата. Во тоа време, федерацијата соопшти дека закрепнувањето ќе трае три недели. Фудбалерот и официјално се уште е на списокот на француската репрезентација.

ФИФА неодамна објасни дека на крајот од првенството ќе им додели 26 медали на победничките тимови. Тоа би значело дека доколку Франција освои медал на Светското првенство, и Бензема би добил еден.

ПретходноКуман ќе биде наследникот на Ван Гал на клупата на Холандија
СледноСветскиот шампион е во полуфинале: Кејн промаши пенал за продолженија, Жиру е херојот на Франција (ВИДЕО)