ВМФЛ: Гостивар го “торпедира“ Караорман и ја освои есенската круна!

683

Гостивар е есенски шампион во ВМФЛ за сезоната 2022/23. Имено попладнево во Гостивар домашниот состав успеа да го победи Караорман со 5:1, во меч од последното есенско коло, и со тоа да освои големи три бода со што го помина Вардар на табелата, па така сега гостиварци на пауза заминаа со 37 бодови, еден повеќе од Вардар кој заврши со 36. Воска Спорт е трета со 34 бодови.

Стрелци на головите за есенскиот шампион беа Петковски два, а Танушев, Велинов и Муарем по еден.

Инаку Воска Спорт како што и се очекуваше немаше никакви проблеми на мечот со Борец и убедливо победи со 6:0.

Беса дома славаше со 2:0 против Пехчево Скопје, додека Детонит Плачковица како гостин ја победи Слога Виница со 1:3. По голема борба во Струмица, Беласица и Охрид одиграа 1:1, а Тетекс на свој терен загуби од Арсими со 0:2.

Пелистер дојде до значајна победа на гостувањето кај Саса и тоа со 1:2. Драгарски и Маркоски (автогол) беа стрелци за Пелистер, додека Мичковски погоди за Саса.

Вардар вчера го победи Кожуф со 2:0, што не беше доволно годината да ја заврши како прв во ВМФЛ.

Пролетниот дел ќе започне на 18 февруари со натпреварите од 16.коло.

РЕЗУЛТАТИ – 15.КОЛО

САСА – ПЕЛИСТЕР 1:2

БЕСА – ПЕХЧЕВО 2:0

ГОСТИВАР – КАРАОРМАН 5:1

ВОСКА СПОРТ – БОРЕЦ 6:0

СЛОГА (В) – ДЕТОНИТ 1:3

БЕЛАСИЦА – ОХРИД 1:1

ТЕТЕКС – АРСИМИ 0:2

ВЧЕРА:

ВАРДАР – КОЖУФ 2:0

ПретходноСкандал: Аргентина без Меси во полуфиналето против Хрватска!?
СледноСантош не му простува: Роналдо и против Мароко на клупа!