ВМФЛ: Гостивар ја посакува есенската круна

228

 

Денеска од 13 часот се играат мечевите од 15. и воедно и последно коло од есенската полусезона во ВМФЛ. Вардар вчера го победи Кожуф со 2:0 и сега ја чека разврската околу лидерската позиција на табелата и околу тоа кој ќе биде есенскиот шампион. Вардарци имаат 36 бодови и меч повеќе, а Гостивар 34 и денеска играат дома со Караорман и со триумф и три бода повторно ќе се вратат на чело на табелата и ќе дојдат до есенската круна. Секој друг резултат во Гостивар му оди во прилог на Вардар.

Пелистер му гостува на тимот на Каменица Саса со надеж дека ќе дојде до трите бода, додека Детонит Плачковица во Виница кај Слога е голем фаворит за победа. Воска Спорт го дочекува Борец и повеќе од сигурно е дека ќе слави и велешани ќе ги остави со еден неславен рекорд, ниту еден освоен бод во цела полусезона. Беса игра дома со Пехчево Скопје, додека Беласица ја очекува тежок испит на дуелот си Охрид, а Тетекс пак силите ќе ги одмери со Арсими во дербито на Полог.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 15 КОЛО (13 Ч)

КАМЕНИЦА САСА – ПЕЛИСТЕР

БЕСА – ПЕХЧЕВО

ГОСТИВАР – КАРАОРМАН

ВОСКА СПОРТ – БОРЕЦ

СЛОГА (В) – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА

БЕЛАСИЦА – ОХРИД

ТЕТЕКС – АРСИМИ

ВЧЕРА:

ВАРДАР – КОЖУФ 2:0

ТАБЕЛА

Вардар 36, Гостивар 34, Воска Спорт 31, Пелистер 27, Детонит Плачковица 26, Охрид 25, Караорман 20, Беласица 19, Беса 18, Арсими 17, Кожуф 17, Пехчево 14, Саса 13, Слога (В) 10, Тетекс 7, Борец 0…бодови

ПретходноМилвоки во драматичен меч го совлада Далас, Лејкерс поразени во Филаделфија
СледноВан Гал: Ќе се пензионирам, освен ако не ме повикаат му помогнам на холандскиот фудбал