Мечот меѓу Холандија и Аргентина донесе стрес, неизвесност, напнатост до самиот крај. Од сигурни 2:0, Аргентинците примија два гола во финишот и мечот отиде во продолженија. Се шутираа и пенали по кои Аргентинците се пласираа понатаму. Холанѓаните второ СП по ред се елиминирани од Аргентина и тоа по пенали.
На мечот меѓу Холандија и Аргентина падна и рекорд. Судијата Матеу Лахоз имаше многу работа и на нервозните актери на теренот и покажа дури 16 жолти картони и еден црвен што е нов рекорд. Надминат е претходниот од 12 жолти картони од финалето на СП 2010 на кое Шпанија ја совлада Холандија по продолженијата со 1:0.
Инаку на ова СП најмногу жолти картони (11) имаше на мечот Србија и Швајцарија.
За Аргентина жолти картони добија Маркос Акуња, Карлос Ромеро, Лисандро Мартинез, Леандро Паредес, Николас Отаменди, Лионел Меси, Гонзало Монтиел и Герман Пизела од фудбалерите, како и селекторот Лионел Скалони и неговиот помошник Валтер Самуел. Вкупно 10 за Аргентина.
За Холандија пожолтеа Јуриен Тимбер, Воут Вегхорст, Мемфис Депај, Стевен Бергхус, Стевен Бергвајн, а два жолти и црвен потоа доби Дензел Думфрис, како и Ноа Ланг во пенал-рулетот. Вкупно седум жолти плус црвен картон.