“Гаучосите“ со најдобар одговор на простачкиот потег на Холанѓаните! (ВИДЕО)

720

Цел фудбалски свет се прашуваше што им требаше на Аргентинците по решавачкиот пенал на Лаутаро Мартинез да дотрчаат кај Холанѓаните и си изживуваат, а некои од нив со рацете на ушите правеа глупи гримаси кон “лалињата“.

Е, па сега, ако некој не знаел тоа било само еден убав одговор на “гаучосите“ кон “лалињата“, одговор кој навистина боли по простачкиот потег на дел од играчите на Холандија. Имено како што се гледа од видеото, снимено од кровот на Лусаил стадионот, неколкумина Холанѓани му го попречуваа патот на Лаутаро до местото каде што требаше да го изведе пеналот. Деливаше невкусно, простачки, но Лаутаро остана смирен и успеа да погоди за победа на Аргентина.

Не дека Аргентинците се светци, напротив, но она што го направија момците на Ван Гал навстина многу ретко се гледа, а на едно СП и никогаш.

Можеби затоа и беше нервозата кај Меси, кој изреагира како што изреагира а потоа имаше и “дуел“ со Ван Гал.

Погледнете го видеото и се ќе ви биде јасно…

ПретходноШок за Баерн: Ноер скршил нога на скијање! (ФОТО)
СледноСтефан Коцев: Брегалница сака со триумф да ја заврши полусезоната!