Голманиште е Ливаковиќ: Кога Л`Екип ќе те оцени со 10! (ФОТО)

581

Доминик Ливаковиќ е новиот бисер на светскиот фудбал, новиот херој на Хрватска. Вчера се прослави на мечот со Бразил, речиси сам ја држеше Хрватска во игра во поголем дел од мечот, а потоа се беше историја.

Л`Екип, веројатно најпознатиот и највлијатечен спортски весник во светот, а кој е познат по својата строгост, по мечот го оцени Хрватот со чиста 10. Ретко овој француски весник дава највисока оценка за еден фудбалер, посебно за еден голман, но ете Ливаковиќ се најде во избрано друштво.

Имено во својата 76 годишна историја Л`Екип досега ја дал “десетката“ како оценка само во 14 наврати, оваа вчерашната на Ливаковиќ е петнаесетта.

На тој Ливаковиќ нашиот шампион Шкупи среде Загреб, во меч од квалификациите на ЛШ му даде два гола на “Максимир“.

Ова како потсетување дека во фудбалот се е можно.

 

Image

ПретходноСтефан Коцев: Брегалница сака со триумф да ја заврши полусезоната!
СледноАлкалоид го декласира Астраион и се пласира во групната фаза во Купот на Македонија! (ФОТО)