Во тек е 1/4 финалето на Мундијалот во Катар помеѓу репрезентациите на Мароко и Португалија во кое селекцијата од Африка на половина час до крајот води со 1:0.
Мароко е пред сензација и влез во полуфиналето, има и огромна поддршка од навивачите на трибините. Сепак, немаше таму место за сите, па илјадници од нив останаа надвор од стадионот односно пред неговите порти.
Во еуфоријата која што ја зафати оваа земја по повод фудбалскиот успех, беа организирани десетици чартер летови од Мароко за Катар. Сепак, 99% од луѓето кои пристигнаа немаат билети за мечевите.
Па така, единствено што можеа да направат е да пристигнат пред стадионот и да чекаат да влезат без билет, што секако не се случи.