Ако некој мислеше дека лимитот на Мароко е ова 1/4 финале на Мундијалот во Катар, и дека денеска нема што да бара против Португалија очигледно дека сериозно е во заблуда. Африканците не само што играат одлично на овој дуел, туку на полувреме водат и со 1:0.
Стрелец на единствениот гол засега е Ен Јесири, кој на асистинција на Атиат Алах, одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник. Скокна највисоко и со глава ја смести топката во мрежата на Коста кој сериозно погреши во оваа ситуација. Следуваше обидот на Бруно Фернандеш кој сакајќи да нафрли ја погоди гредата од голот на Боно.
WEEEEE 1-0 POUR LE MAROC MERCIII EN NESYRI POUR CETTE DETENTE DE FOU 🇲🇦🇲🇦🇲🇦🇲🇦🇲🇦🇲🇦🇲🇦#MARPOR pic.twitter.com/0YFRliandv
— Shleuh 🇲🇦☠️ (@LSevennes) December 10, 2022