Меси за Ван Гал: Се обидува да ни „продаде“ квалитетен фудбал, а всушност…

5241

Се уште се бурни реакциите по мечот меѓу Аргентина и Холандија. Првата ѕвезда на Аргентина Лионел Меси имаше момент со Ван Гал и со Вергхорст како и другите играчи на Холандија за време на мечот. По мечот имаше и препирки со нив, а изјави:

Ван Гал и некои играчи со своите коментари пред мечот ме изнервираа. Зборуваа премногу за се и сешто. Не ме почитуваа ни мене, ни мојот тим. Ван Гал постојано се обидува на сите да им “продаде“ дека игра квалитетен фудбал, а тој всушност ги става високите фудбалери во противничкиот шеснаесетник и игра со нафрлени топки до нив. Не ми се допаднаа нивните коментари пред мечот. Вештачки направија тензија во ситуацијата, а на крајот тоа директно влијаеше и врз играта“, изјави Меси.

И селекторот Скалони има слично мислење:

Тоа беше тензичен и жежок натпревар каков што се очекуваше. Не би го коментирал однесувањето на играчите на теренот, тоа што се случи – се случи. Морам да признаам дека не очекував Холандија да игра анти-фудбал. Но секој тим игра тренер и тој одлучува како ќе игра. Играа грдо посебно во продолженијата“, изјави Скалони.

Аргентина ќе игра со Хрватска во полуфиналето на СП во Катар.

 

ПретходноПростачко однесување на Мартинез до Ван Гал: Два пати те зае*ав, ку*во…
СледноШок за Баерн: Ноер скршил нога на скијање! (ФОТО)