Милвоки во драматичен меч го совлада Далас, Лејкерс поразени во Филаделфија

72

Кошаркарите на Милвоки го совладаа Далас во гости со 106:105 во судирот на титаните меѓу Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ. Маверикс водеа во текот на целиот меч, меѓутоа во последната четвртина се разигра Адетокумбо па гостите од Милвоки направија пресврт и победија.

Дончиќ беше најефикасен на мечот со 33 поени и 11 асистенции. А Јанис беше најефикасен во победничкиот тим со 28 поени и 10 скокови, а повеќе од половина поени ги впиша во последните 12 минути.

Интересен меч се одигра во Филаделфија, каде Севентисиксерс по продолженијата ги победија Лејкерс со 133:122. ТИмовите постојано се менуваа во водство, а по 48 минути немаше победник, па се премина кон дополнителни пет минути. А таму домашниот тим одигра одлично, додека гостите од Лос Анџелес постигнаа само два поени.

Ембид беше најефикасен со 38 поени и со 12 скокови, а го следеше Мелтон со 33 поени. Кај поразените Ентони Дејвис постигна 31 поени, Леброн Џејмс постигна 23.

Шарлот – Њујорк 102:121

Индијана – Вашингтон 121:111

Орландо – Торонто 113:109

Бруклин – Атланта 120:116

Кливленд – Сакраменто 95:106

Филаделфија – Лејкерси 133:122

Мемфис – Детроит 114:103

Њу Орлеанс – Финикс 128:117

Јута – Минесота 108:118

Далас – Милвоки 105:106

 

ПретходноМартинез: Покажавме мадиња, страст и срце, а победивме за сите 45 милиони Аргентинци
СледноВМФЛ: Гостивар ја посакува есенската круна