Новинар на Cи-Bи-Ес почина за време на мечот меѓу Аргентина и Холандија

211

Во Доха почина американскиот новинар Грант Вал и тоа додека го коментирал мечот меѓу Аргентина и Холандија . Тој го покривал мечот за Си-Би-Ес, а работел и во Фокс и Спортс илустрејтед.  Веста за смртта ја пренел агентот Тим Сканлан. Тој изјави дека Вал бил во новинарската ложа за време на мечот, не се чувствувал добро, а за време на пеналите колабрилал и починал.

Вал во понеделникот на Твитер објавил дека е болен веќе 10 дена, а тоа го препишал на прекумерната работа и тоа што не спиел доволно додека го следел СП.

„Бев на клиника во главниот центар за медиуми и ми рекоа дека веројатно имам бронхитис. Ми дадоа доза на антибиотик и неколку сирупи за кашлање. Неколку часа подоцна бев подобар. Но и понатаму сум болен“, напишал Вал пред мечот меѓу Холандија и Аргентина.

 grant-val-ConvertImage.jpg

ПретходноВан Гал: Ќе се пензионирам, освен ако не ме повикаат му помогнам на холандскиот фудбал
СледноВо таа еуфорија и напнатост на „Лусаил“, падна и рекорд на Мундијалите