Александар Петровиќ и неговите момци запишаа нов пораз оваа сезона во АБА-лигата. Актуелниот македонски првак на домашен терен беше совладан од Борац со 73-81 во рамките на десетото коло во јадранското друштво. Пред оваа средба од редовите на „сино-белите“ си замина Ајви, што пак според стратегот на актуелниот македонски првак дополнително ги размрдало сите во клубот.
„Од прва минута го бркаме резултатот, се чувствува во играта дека ни фали плејмејкер. Оваа недела имавме големи проблеми, не можам да им замерам на моите играчи за залагањето. Не смееме да губиме домашен терен, бевме раздрамни во клубот од целата ситуација. Во понеделник најверојатно ќе ни стигне нов плејмјекер, не чекаат три меча, мора да се вадиме. Жал ми е за публиката, лошо шутиравме. Не надскокаа, примивме поени преку рака, се договаравме да ги напаѓаме играчите во дриблинг, го загубивме мечот во првото полувреме, тоа е кошарката“, изјави Петровиќ.
На прашањето околу нови засилувања, поточно ростерот со кој располага кратко одговори:
„Да не навлгам во политика на клубот, веројатно ќе дојде уште еден плејмејкер, требаат играчи, вака тешко ќе биде, но тоа е. Знаете оваа недела што се случи, тоа е тоа“.