Стефан Коцев: Брегалница сака со триумф да ја заврши полусезоната!

223

Утре се играат сите мечеви од 18.коло во ПМФЛ. Коло со кое ќе се стави крај на есенската полусезона и крај на годината 2022.

Брегалница на свој терен на дочекува Победа, се разбира дека желбите и амбициите на штипските “сини“ се само триумф и освојување на три бода.

За тоа што може да се очекува од овој меч свој коментар има Стефан Коцев, кој за клупскиот сајт изјави:

Желбите се со три бода да ја завршиме полусезоната. Но, знаеме дека за да дојдеме до тоа ќе треба да се даде единствено максимумот, со извлечени поуки од првата меѓусебна средба во Прилеп, и со фокус на квалитетот на нашата игра. На утрешниот дуел секако ќе играме за триумф со кој би биле во горниот дел од табелата. Верувам дека нема да ги разочараме сите наши навивачи од кои утре очекуваме поддршка“.

Претходно“Гаучосите“ со најдобар одговор на простачкиот потег на Холанѓаните! (ВИДЕО)
СледноГолманиште е Ливаковиќ: Кога Л`Екип ќе те оцени со 10! (ФОТО)