Ракометарките на Ѓорче Петров обезбедија место во осминафиналето на ЕХФ Купот. Во меч од третото коло, нашиот претставник ја декласираше австриската екипа Јагс со 45:26 и успеа да се пласира меѓу најдобрите 16 екипи од ова натпреварување.
Со 17 постигнати гола, Ангела Јанкуловска блескаше на овој натпревар. Таа беше 100% во реализацијата и покажа дека е исклучително квалитетна ракометарка.
Вториот македонски преставник, Чаир го загуби и вториот меч со Макаби Рамат Ган и заврши со настапите во натпреварувањето. Израелскиот состав славеше со 37:31 и обезбеди пласман во следната рунда.