Ван Гал: Ќе се пензионирам, освен ако не ме повикаат му помогнам на холандскиот фудбал

351

По поразот од Аргентина, Холандија се враќа дома. Селекторот Ван Гал зборуваше за тоа дали ќе продолжи на кормилото и дали ќе се пензионира.

Реков дека нема да продолжам, но тоа е секогаш тешко. Погледнете го Дик Адвокат. Останав да му помогнам на холандскиот фудбал. А Адвокат сега му помага на АДО Ден Хаг. Тоа може да ми се случи и мене, но засега немам понуди“,изјави 71-годишниот тренер за NOS Sport.

Пред неколку денови излезе информација дека Ван Гал може да го преземе кормилото на Белгија, но тоа нема да се случи.

 

ПретходноВМФЛ: Гостивар ја посакува есенската круна
СледноНовинар на Cи-Bи-Ес почина за време на мечот меѓу Аргентина и Холандија