Вегхорст во солзи: „Требаше да биде најдобрата ноќ во мојот живот…“

383

Вут Вегхорст ја извлече Холандија од бездната и и даде шанса во продолженијата (пеналите) да се бори за полуфинале на Мундијалот во Катар. Напаѓачот на Бешикташ влезе во игра во 78. минута како дел од планот „Б“ заедно со Лук де Јонг. Тој постигна два гола и изедначи на 2:2, а потоа погоди и во пенал рулетот меѓутоа на крајот Аргентинците се радуваа.

Требаше да биде најдобрата ноќ во мојот живот… Бевме многу блиску, завршивме со горчина во устите. Штета“, изјави Вегхорст.

Губевме со 2:0, во финишот стигнавме 2:2. Тоа ни даде крилја. Тогаш мислев дека можеме да победиме. За жал немавме среќа. Како дете сонував да играм на СП. Тоа беа три прекрасни недели во мојот живот како фудбалер. Сонував(ме) за трофејот, бевме блиску до него. Ќе го пребродиме ова. Горд сум и задоволен што играв на СП. Тешко е да се прифати овој пораз, но мораме да гледаме понатаму“, додаде некогашниот играч на Волфсбург.

ПретходноАлкалоид го декласира Астраион и се пласира во групната фаза во Купот на Македонија! (ФОТО)
СледноСкандал: Аргентина без Меси во полуфиналето против Хрватска!?