Искусиот дефанзивец на португалската репрезентација, Пепе морал да игра со скршена рака на денешниот четвртфинален дуел меѓу Португалија и Мароко. По натпреварот, португалската федерација откри дека 39-годишниот дефанзивец има скршеница на левата рака.
Пепе цело време беше на теренот и во последните секунди промаши шанса за израмнување на резултатот.
Најверојатно ова беше последен меч на Пепе за националната селекција.