Уште еден голем удар за Кристијано Роналдо. И против Мароко во 1/4 финалето на Мундијалот во Катар него го нема меѓу стартниот состав на Португалија, поточно мечот ќе го почне од клупата, како што и беше на минатиот дуел со Швајцарија кога Португалците победија со 6:1.
Потег кој е сосема очекуван од страна селекторот Сантош по се она што прави и направи Кристијано овие денови на СП во Катар.
Во нападот е Рамош, напаѓачот на Бенфика кој со Швајцарија постигна хет – трик.