Елма Авеиро, сестрата на Кристијано, го повика Фернандо Сантош да се повлече и да си замине од репрезентацијата на Португалија.
Португалија денеска загуби од Мароко (0:1) во 1/4-финалето на Светското првенство, а Сантош реши да го остави Роналдо на клупата на стартот на мечот. Тој влезе во вториот дел кога Мароканците беа во водство.
Сестрата на Роналдо на социјалните мрежи со хаштаг #fernandosantosout напиша:
„Убија човек. Убија тим. Убија цела нација“.