Репрезентацијата на Мароко е полуфиналист на Мундијалот во Катар откако предмалку во 1/4 финалето ја совлсда Португалија со 1:0. Африканскиот состав е во екстраза, го оствари најдобриот резултат на една репрезентација од овој континент досега на Мундијалите, а од друга страна Португалија на чело со својата икона Кристијано Роналдо е во очај.
Очекуваа нов успех, но ги дочека крах. Роналдо и денеска беше резерва, па по негативата беше испратен на терен да спасува. Не успеа во тоа, па по последниот финиш Роналдо поита да влезе во соблекувалната, а патем се расплака во очај.
Секако, дека со оглед на неговите години тој многу веројатно дека ги одигра последните минути во националниот дрес на Португалија.
Cristiano Ronaldo in tears is so heartbreaking 💔 #Qatar2022onMG pic.twitter.com/9cFQxkooo1
— #3Sports (@3SportsGh) December 10, 2022