Циркус во Третата лига: Албес одбил да го доигра мечот во Тетово, суспензија заработи и делегатот!

382

Дуелот меѓу Тетово и Албес не го дочека својот крај. Причината за ова е повреда на кошаркар на гостинскиот тим. Во извештајот стои дека гостинскиот тим по наредба на својот тренер се повлекол во соблекувална.

Овој цикус почнал откако стратегот на Албес, Круези се посомневал во лекарот кој дошол да му помогне на повредниот кошаркар. Поради ова била повикана брза помош и играчот бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, а гостите се повлекле во соблекувалната и одбиле да се вратат.

Делегатот на мечот ги повикал кошаркарите на Албес, но откако одбиле да го послушаат, после 15. минути дуелот бил заверен со службена победа на домаќинот.

Сепак комесарот за натпреварување при КФСМ подели казна и на делегатот на овој меч, кој заработи суспензија од четири меча. Албес ќе плати 80.000 денари, а тренерот на овој тим ќе биде надвор од терените четири натпревари.

ПретходноМеси во елемент: Што гледаш!? Тргај се таму глупав еден! (ВИДЕО)
СледноМартинез: Покажавме мадиња, страст и срце, а победивме за сите 45 милиони Аргентинци