Денеска во 13 часот на стадионот на Автокоманда, есенскиот шампион, тимот на Струга Трим Лум му гостува на тимот на Скопје. Ова е натпревар од последното 18.коло за оваа полусезона, но и последен меч за оваа 2022 година.
И покрај фактот дека “пиратите“ во последно време играат навистина добро се знае кој е фаворит. Од таборот на стружани велат дека сакаат со стил да ја завршат блескавата есен за нив.
Бесмир Бојку, еден од клучните играчи на Струга Трим Лум во пресрет на денешниот меч за клупскиот сајт истакна:
“Многу важен натпревар за нас. Се надевам дека ќе ја завршиме есенската полусезона како што и ја започнавме, со победа и со три бода. Играме на тежок терен против силен тим, ќе биде тешко, тука нема дилеми. Се подготвивме максимално и со сериозен пристап очекувам да дојдеме до трите бода“потенцираше Бојку.