Ето рече дека Мароко ќе ги исфрли Шпанија и Португалија и така испадна

734

Поранешниот камерунски репрезентативец Самуел Ето пред почетокот на Мундијалот предвиде дека финалето ќе биде Камерун-Мароко и дека Камерун ќе победи на турнирот. Засега делумно се остварува неговото предвидување. Камерун испадна уште во групната фаза, но тој го погоди патот на Мароко во полуфиналето.

Тој предвиде дека Мароко ќе стигне до финалето и дека во осминафиналето ќе ја елиминира Шпанија, а во четвртфиналето Португалија. Така и испадна. Потоа најави триумф на Мароканците против Франција и пласман во финалето. Ќе видиме дали ќе се случи и тоа.

Мароканците се хит на овој шампионат, тие се првата африканска селекција која стигнала до полуфинале на Мундијал.

ПРЕДВИДУВАЊЕТО НА ЕТО ПРЕД МУНДИЈАЛОТ

ПретходноСки скокови: Кубацки најдобар во Нојштад
СледноИнцидент во Чаир: Навивач нападна кошаркар на Работнички (видео)