Репрезентацијата на Португалија ги заврши своите настапи на Мундијалот во Катар во 1/4 финалето. Елиминацијата значеше дека Кристијано Роналдо нема да дојде до еден од најзначајните трофеји во светот на фудбалот, пехарот од Светското првенство, што е секако привилегија на малкумина.
Сепак, тој на социјалните мрежи одлучи да сподели порака со која сакаше да ги постави нештата на свое место, откако премногу се шпекулираше последните денови околу неговиот статус на резерва, реалцијата со селекторот Сантош и ред други нешта.
„Освојувањето на Светското првенство со Португалија беше мојата најголема амбиција и сон во животот. За среќа, освоив толку многу титули на интернационано ниво, дури и со Португалија. Сепак, да се постави името на вашата земја на највисоката точка на светот беше најголем сон. Се борев за тоа, напорно се борев за сонот. Со своите пет присуства на Мундијалите, заедно со поддршката од милионите Португалци, дадов сè на теренот. Никогаш не вртев глава на борбата и не се откажав.
За жал, мојот сон заврши вчера. Не вреди да се реагира жестоко. Само сакам сите да знаат дека многу работи се зборуваа, се пишуваше и шпекулираше, но мојата посветеност на Португалија никогаш не беше под знак прашалник. Јас секогаш сум бил еден од луѓето кои се бореа за заедничката цел на државата.
Засега нема што многу да се зборува. Благодарам Португалија, благодарам Катар. Сонот беше убав додека траеше… Сега е време да бидам добар советувач на останатите“, напиша Роналдо.