Хановер после пауза од три кола успеа да дојде до победа во Бундес-лигата. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски го совлада Штутгарт на домашен терен со 27-22 во рамките на 16. коло.
Кузмановски во осмиот триумф на својот тим постигна два гола од исто толку обиди. Хановер оваа средба ја реши уште во првото полувреме, го доби со 14-8.
Тимот на македонскиот репрезентативец се наоѓа на седмото место со 17 бодови, исто колку и шестопласираниот Хановер.