Убава вест за селекторот на нашата репрезентација Благоја Милевски, но и за сите фанови на Барнли. Имено нашиот репрезентативец денеска одигра официјален меч и тоа прв по 2 септември кога се повреди и речиси 3.5 месеци беше во аут.
Нашиот офанзивец попладнево влезе во игра во својот тим и тоа во 89.минута, одигра неколку минути на гостувањето кај КПР, во меч од 22.коло во Чемпионшип, кој Барнли го доби со 0:3.