Хари Кејн е трагичната фигура на Англија откако промаши пенал во четвртфиналето на Светското првенство за реми против Франција. Така Французите повторно отидоа во полуфинале, а Англичаните дома.
Откако судијата означи крај на натпреварот, потресениот Кејн падна на тревникот. Снимател се обиде да го сними Кејн од непосредна близина, а потоа интервенираше голманот на Англија, Џордан Пикфорд и го избрка.
„Малку почит, ве молам“, рече Пикфорд.
Jordan Pickford asked the camera operators to back away from Harry Kane. pic.twitter.com/EjohPkSfRN
— ESPN FC (@ESPNFC) December 10, 2022