Крилниот напаѓач на Бразил, Винисиус јуниор вети дека неговата селекција ќе го освои Светското првенство во 2026 година. Бразил беше еден од најголемите фаворити за освојување на титулата на СП во Катар, но беа елиминирани од Хрватска во четвртфиналето после пеналите.
„Плачев на теренот, во соблекувалната, во авионот, плачев и кога дојдов дома и ќе плачам кога ќе помислам колку бевме блиску. Тоа е најлошиот ден во мојот живот“, напиша Винисиус на социјалните мрежи.
„Овој текст го пишував и го бришев неколку пати. Зборовите не можат да го опишат разочарувањето, а остануваа солзите. Ја снема насмевката. Ќе ми биде потребно време повторно да ја пронајдам среќата. Го сакам фудбалот и тоа дека ќе имам нови можности да го вратам Бразил таму каде што заслужува да биде – на врвот.
Ќе се вратиме посилни. Не успеавме во најважниот момент и разочаравме многумина. Извинете Бразилци, ви благодарам на љубовта и поддршката. Бевте одлични. Бразил ќе се врати. Бразил ќе го освои СП 2026. Запамтете ги моите зборови“, вели Винисиус.
СП 2026 ќе се одржи во Канада, Мексико и САД и на него ќе учествуваат 48 репрезентации.