Дабл-дабл на Димитријевиќ, Уникс ја доби драмата со Зенит!

85

Уника Казан влезе во победнички ритам, тимот на македонскиот репрезентативец дојде до минимален триумф над Зенит (95:94) во дербито на колото во ВТБ лигата.

Ненад Димитријевиќ одново одигра одличен меч.  Плејмејкерот на нашиот сениорски национален тим дојде до двоен ефект на овој драматичен меч. Димитријевиќ даде 11.поени (4/8 за два и 3/4 за еден поен), имаше и десет успешни додавања, плус и два скока за 28:41 минути во игра.

Ова беше и 14.победа за Уникс во сезоната во која имаат и два порази (двата од лидерот ЦСКА на нашиот тренер Емил Рајковиќ).

ПретходноИнцидент во Чаир: Навивач нападна кошаркар на Работнички (видео)
СледноХановер триумфално, Кузмановски без грешка!