Тимот на Еуро Никел приреди изненадување во рамките од деветтото коло од домашниот кошаркарски шампионат, совладувајќи го тимот на Гостивар со конечни 92:86 по едно одиграно продолжение.
Во еден меч кој беше исклучително неизвесен и интересен, тимот на Еуро Никел излезе по сконцентриран во самиот финиш имаше повеќе сила во продолжението, ги погоди потребните напади и славеше против подобро пласираниот тим на табелата.
Соколов најјефикасен кај победничкиот тим со 20 поени, зад него Младенвоиќ со 18. Кај поразениот тим на Гостивар пак Пипкинс со 33 поени пред Митевски со 21.
Еуро Никел стигна до 14 бода сезонава, додека Гостивар остана на своите досегашни 16.