Ски скокови: Кубацки најдобар во Нојштад

86

Полјакот Давид Кубацки е победник на денешниот натпревар во Ски скокови во рамките од светскиот куп кој се одржа во германскиот Нојштад.

Одличниот репрезентативец на Полска имаше голема предност по првата серија откако скокна неверојатни 139.5 метри за во втората серија се надмине самиот себеси и скокне 143 метри.

Ова секако беше и повеќе од доволно за прво место како на овој натпревар така и во генералниот пласман.

Втор веше Ланишек од Словенија, а трет Штефан Крафт од Австрија.

 

ПретходноХолденер победи во слаломот во Сестриере, а Братен e број 1 во Вал д’Изер
СледноЕто рече дека Мароко ќе ги исфрли Шпанија и Португалија и така испадна