Мојсов: Голема победа на Тиквеш, овие три бода за нас се како шест

1777

Тимот на Тиквеш не можеше на подобар начин да го финишира есенскиот дел од ПМФЛ шампионатот. Со победа и три бода на гостински терен во Струмица, кај Академија Пандев.

Со ова Тиквеш дефинитивно се профилира како екипа  која што напролет нема да бие битка за опстанок туку напротив, ќе има статус на тим кој ќе се бори за што повисок пласман во горниот дел од табелата.

„Голема победа за Тиквеш. Ако земеме во предвид дека дома Тиквеш мечевите ги играше одлично, а имаше релативно проблем на гостински терен сега овие последни две гостувања против Шкендија односно Академија Пандев денеска го кажуваат спротивното. Покажуваме дека Тиквеш е екипа за горниот дел од табелата. Дека сме екипа со карактер и со квалитет пред се. Тешко освоени бодови, на многу тежок терен но бодови кои се заслужени. Тиквеш минатата сезона беше во таа позиција. Да му фалат сериозен број на бодови, да се бори за статус прволигаш. Слободно можам да кажам дека овие три бода се во суштина како шест. Не го очекувавме киксот со Силекс минатото коло, но ете вративме сега со три бода на гости.  Презадовилен сум. Кога си замина тренерот Костов многумина како во Кавадарци така и општо земено, беа скептици со моето останување за прв тренер. Немаа доверба во мене дека сум јас токму тој кој што може да го извлече Тиквеш од таа проблематична ситуација по првите пет кола. Затоа сум многу задоволен, и од самиот себеси и од овие играчи. Затоа што знаев и знам за што се способни. Затоа и се нафатив да ја преземам екипата. Мислам, убеден сум, дека со добри зимски подготовки Тиквеш напролет ќе биде уште по кадарен за да обезбеди бодови, и да биде во горниот дел од табелата дефинитивно“ – изјави за Спортмедиа, Ѓорѓи Мојсов, тренерот на Тиквеш.

 

ПретходноАргентинците веќе ја “ОТПИШАА“ Хрватска!
СледноТоа е таа страст: МЕСИИИИ, ГООООЛ, коментаторот во транс, на крајот и ќе заплаче од радост! (ВИДЕО)