Уште една импресивна вечер за Никола Јокиќ. Српскиот репрезентативец блескаше во триумфот на Денвер над Јута од 115-110, го запиша 80 трипл-дабл во НБА-лига. Јокиќ постигна 31 поен, 12 скока и 14 асистенции. Покрај во него добра партија пружи Џамал Мареј, запиша 30 поени.
Предноста што Денвер ја стекна во првите две четвртини се стопи во третата, па пред последната четвртина разликата беше само два поени. Сепак, Денвер Нагетс беа доволно внимателни да ги одбијат последните напади на „џезерите“, па ја забележаа 16. победа во новата сезона од НБА лигата. Во моментов со учинок 16-10 Денвер е на четвртото место на Западот, со скор како и Феникс и со една победа помалку од Мемфис и Њу Орлеанс.
Резултати: Индијана – Бруклин 133-136, Вашингтон – ЛА Клиперс 107-114, Кливленд – Оклахома 110-102, Чикаго – Далас 144-115, Голден стејт – Бостон 123-107, Денвер – Јута 115-110, Портланд – Минесота 124-118.