ПМФЛ: Скопското дерби за Шкупи, бод за Струга ТЛ, хет-трик на Мишевски во Кратово, Победа со реми во Штип

555

Крај на есенската полусезона во ПМФЛ. Попладнево се одиграа сите пет мечеви од 18.коло.

На дербито за Скопје, кое се одигра во Маџари, Шкупи како гостин успеа да го победи Работнички со 2:4.

Интересен, убав натпревар, вистинско дерби. Адетунџу со два гола многу рано донесе водство на чаирчаним беше и 0:3 со аввтоголот на Исмаили. Максимов со два прекрасни гола намали на 2:3, но Трапановски со гол стави точка на овој меч а 2:4. Треба да се каже дека на 0:1, се чини дека беше поништен чист гол за Работнички. Момент кој секако дека ќе го свртеше натпреварот во друга насока. Сепак Шкупи заслужено победи.

Тиквеш среде Струмица со головите на Ивановски и Лазаров ја победи А.Пандев со 0:2. Големи три бода за кавадарчани, а „пандевци“ продолжуваат со очајни резултати.

Брегалница може да жали. Имаше водство со головите на Додев од 2:0, но во вториот дел прилепчани одиграа далеку подобро и успеаја да дојдат до 2:2, до голем бод за нив. Мазари и Дадет беа стрелците.

Македонија ЃП со трите голови на Филип Мишевски успеа да слави кај Силекс со 1:3. Ристовски беше стрелецот за кратовци.

И на Автокоманда есенскиот шампион одигра само 1:1 кај Скопје. Прво Малески во 57.му донесе водство на гостинот, за да Игњатов од пенал ги постави конечните 1:1.

Пролетниот дел ќе стартува на 19 февруари со мечевите од 19.коло.

РЕЗУЛТАТИ – 18.КОЛО

А.ПАНДЕВ – ТИКВЕШ 0:2

(/Ивановски 21., Лазаров 61.)

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 2:2

(Додев 17., 21./Мазари 48., Дадет 72.)

СКОПЈЕ – СТРУГА ТЛ 1:1

(Игњатов (п) 70./Малески 57.)

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2:4

(Максимов 54., 63./Адетунџи 7., 21, Исмаили (авт) 40., Трапановски 79.)

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:3

(Ристовски 76./Мишевски 14., 24., 84 (п)

ШКЕНДИЈА (СЛОБОДНА)

ПретходноЕвропски гигант го мерка Ливаковиќ!
СледноТиквеш “царуваше“ во Струмица, а „италијанската“ А. Пандев се спрема за Втора лига!