Познато е кој ќе го замени Тите!

611

Тите е готов со Бразил, договорот му истекува на 31 декември оваа година, но јасно е дека со последниот меч на Мундијалот неговата мисија во репрезентацијата е завршена.

Доби бројни критики од поранешни фудбалери, ѕвезди, играчи кои настапувале за репрезентацијата.

„Кругот заврши, ќе си ги задржам зборовите“, изјави тој по елиминацијата од Хрватска.

Бразилските медиуми ги открија намерите на федерацијата, поточно Абел Фереира.

Тој е млад стручњак, има 43 години, а во кариерата раководеше со Спортинг Б, Брага Б, потоа три години беше во првиот тим на Брага, а потоа замина во ПАОК каде остана една сезона. По ова пристигна во Палмеирас, за само две години овој Португалец ја освои бразилската Серија А, Купот, два пати Копа Либертадорес и беше вицешампион на Светското клупско првенство во фудбал.

Ги собра сите можни индивидуални награди, а навивачите во Бразил го обожаваат.

ПретходноХакими му испрати порака на пријателот Мбапе пред полуфиналето, веднаш доби одговор!
СледноАнглискиот голман не му дозволи на камерманот да ја сними најтажната сцена!