По цели два месеци пауза Ведран Ќосевски, чуварот на мрежата на Струга ТЛ и еден од најдобрите голмани во ПМФЛ, денеска ќе го чува голот на есенскиот шампион на мечот со Скопје на Автокоманда кој започнува за половина час.
Имено Ќосевски се здоби со повреда на дербито со Шкупи на 16 октомври, и тоа во пределот на рамото, па мораше да биде под рехабилитација, но сега екс голманот Железничар и Вележ е здрав и ќе се обиде да му помогне на својот тим да дојде денеска до уште една победа.
Една грижа помалку за стратегот Срѓан Захариевски.