Тиквеш “царуваше“ во Струмица, а „италијанската“ А. Пандев се спрема за Втора лига!

2124

Каков очаен крај на А. Пандев за оваа есенска полусезона, за оваа 2022 година. Нов пораз, нешто што е вообичаено за струмичани оваа сезона, вкупно единаесетти. Денеска во Струмица дојде Тиквеш и како од шега си ја “исплеска“ А. Пандев, барем реузлтатски, со 0:2 и тоа со головите на Ивановски и Лазаров.

Навистина никој, ама баш никој не веруваше дека “италијанската“ А. Пандев место за излез во Европа оваа сезона ќе се спрема, и тоа како ќе се спрема за Втора лига.

Имено на пауза А. Пандев заминува како претпоследна на табелата, 12 бодови, со само еден повеќе од Скопје.

Што ли се случува во таборот на “пандевци“, во клубот за кој се најавува дека ќе влезе или веќе е влезен италијански капитал.

Инаку пред само неколку месеци А. Пандев играше во фудбалска Европа, важеше за еден од нашите најдобри клубови и тимови.

Но денеска Тиквеш покажа и тоа среде Струмица, и тоа на теренот на спортскиот центар “Горан Пандев“ покажа како се игра фудбал.

ПретходноПМФЛ: Скопското дерби за Шкупи, бод за Струга ТЛ, хет-трик на Мишевски во Кратово, Победа со реми во Штип
СледноСкопското дерби во знакот на Трапановски, Адетунџи, Максимов и судиите… (ФОТОГАЛЕРИЈА)