Фиго: Се знае кој е виновен за елиминацијата на Португалија

3118

Ако има авторитет во Португалија кој во овие моменти директно може да и се обрати на јавноста со свое мислење околу тоа кој е виновен што оваа репрезентација на Мундијалот во Катар испадна во 1/4 финалето од Мароко тоа е Луис Фиго, фудбалската легенда на оваа земја.

Тој смета дека Европскиот шампион и освојувачот на Лигата на Нациите не смее да си дозволи во така сериозен и клучен меч на клупата да го остави Кристијано Роналдо.

„Не можете да освоите Мундијал со Кристијано Роналдо на клупата. Победата против Швајцарија? Супер… но не може тоа да се случува на секој меч. Не можете Кристијано Роналдо да го оставите на клупа на така важен меч. Вината е на селекторот и неговиот стручен штаб за елиминацијата“ – изјави Фиго.

ПретходноТоа е таа страст: МЕСИИИИ, ГООООЛ, коментаторот во транс, на крајот и ќе заплаче од радост! (ВИДЕО)
СледноПочина трикратниот НБА шампион Пол Силас