Холденер победи во слаломот во Сестриере, а Братен e број 1 во Вал д’Изер

86

Викендов се одржаа натпревари од Светскиот куп во алпско скијање. Во саботата мажите скијаа во француски Вал д’Изер и во велеслаломот победи Марко Одермат, пред Мануел Фелер и Жан Крањец. Денеска во слаломската трка триумф на норвешкиот скијач Лукас Братен, пред Мануел Фелер и Лоик Мелард.

Тоа е четврта победа на Норвешка оваа сезона. Претходните три ги донесе Александер Амод Килде, две во Бивер Крик и една во Лејк Луис.

Во женска конкуренција втора слаломска победа по ред на Швајцарката Венди Холденер. Се скијаше во италијанскиот Сестриере, а швајцарската скијачка беше побрза од Микаела Шифрин и Петра Влхова. Претходната слаломска победа на Холденер беше на 27 ноември во Килингтон.

Инаку во саботата во Сестриере се одржа женскиот супервелеслалом, а победи Марта Басино пред Сара Хектор и Петра Влхова.

Следните натпревари во женскиот Светски скијачки куп е во Ст.Мориц на 16, 17, 18 декември (два спуста и еден супервелеслалом).

ПретходноЕуро Никел го изненади Гостивар
СледноСки скокови: Кубацки најдобар во Нојштад