Холандскиот централен бек Вирџил ван Дајк зборуваше за шансите на Аргентина да го освои Мундијалот 2022. „Лалињата“ загубија од Аргентина на пенали 3:4 (2:2 во регуларниот дел и продолженијата) во четвртфиналето. Па Аргентина во полуфиналето ќе игра со Хрватска.
На прашањето дали Аргентина може да биде светски првак, Ван Дајк одговори:
„Не ми е гајле кој ќе биде шампион. Нема ни да ги гледам другите натпревари“, изјави бекот на Холандија и на Ливерпул.