Гаџа од Вардар се сели во Саудиска Арабија

245

Хрватскиот бек Анте Гаџа нема повеќе да игра за Вардар и покрај тоа што имаше валиден договор со македонскиот првак до крајот на оваа сезона. Гаџа се сели во нов клуб, а тоа е Ал Нор од Саудиска Арабија. Инаку тој беше повреден, во април ги скина предните вкрстени лигаменти и му требаше долго време да заздрави. Кога се очекуваше негов кам-бек во тимот, тој одлучи да ја смени средината.

Гаџа дојде во Вардар во 2019 година од редовите на ППД Загреб, а претходно играше и за Нексе.

ПретходноХановер триумфално, Кузмановски без грешка!
СледноМечот меѓу Чаир и Работнички нема да се доигра, гостите ќе го добијат службено