Поранешниот камерунски репрезентативец Самуел Ето пред почетокот на Мундијалот предвиде дека финалето ќе биде Камерун-Мароко и дека Камерун ќе победи на турнирот. Засега делумно се остварува неговото предвидување. Камерун испадна уште во групната фаза, но тој го погоди патот на Мароко во полуфиналето.
Тој предвиде дека Мароко ќе стигне до финалето и дека во осминафиналето ќе ја елиминира Шпанија, а во четвртфиналето Португалија. Така и испадна. Потоа најави триумф на Мароканците против Франција и пласман во финалето. Ќе видиме дали ќе се случи и тоа.
Мароканците се хит на овој шампионат, тие се првата африканска селекција која стигнала до полуфинале на Мундијал.
ПРЕДВИДУВАЊЕТО НА ЕТО ПРЕД МУНДИЈАЛОТ