Фудбалерот на Ливерпул Луис Диас може да отсуствува до март идната година поради тоа што ја обнови повредата од мечот со Арсенал на 9 октомври. Фудбалерот ги пропушти тренинзите на екипата, а кога се вратил почувствувал болки.
Тој направил нови прегледи по кои е востановено дека повредата е посериозна и ќе треба да се оперира. Се работи за повредда на лигамент во коленото и тој може да паузира до март.
„Психички му е многу тешко. Се повреди за време на тренинг. Се жалеше на болки и направивме нови прегледи“, кажа тренерот Јирген Клоп.