Натпреварот меѓу Чаир и Работнички нема да се доигра. Тој беше прекинат во втората четвртина при резултат 44:23 за гостите кога еден навивач на домашната екипа влезе на теренот и го удри кошаркарот на Работнички, Ерик Нотиџ.
Прекинот траеше половина час, а потоа судиската тројка и делегатот одлучија мечот да не се доигра и истиот да биде регистриран со службени 20:0 во корист на Работнички.
Во текот на утрешниот ден, Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ ќе објави и дополнителни мерки како суспензија на салата „Шабан Трстена“ и одземање на бод за домашната екипа за пораз.
Инцидент во Чаир: Навивач нападна кошаркар на Работнички (видео)